На ден 15.05.2013, во просториите на Регионалната развојна Агенција на Лерин АНФЛО, беше одржан 6-от работен состанок во рамките на Проектот: “План за развој на прекугранична заедничка заштита од пожар- FIRESHIELD”. На овој состанок беа дискутирани досегашните имплементирани активности, како и наредните активности кои ќе бидат имплементирани во рамките на овој проект.
На состанокот присуствуваа партнерите во проектната имплементација: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион; Регионална развојна Агенција на Лерин- АНФЛО; Општина Битола; Општина Прилеп; Регинот на Западна Македонија.
No comment yet, add your voice below!