На 15 Мај 2013 година во Хотел Кристал Палас во Прилеп се одржа тренинг на тема: “Вештини за спроведување на анализа на територијата”. Овој тренинг беше организиран од страна на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”.
Целта на оваа средба беше учесниците да се запознаат со терминот анализа на територијата и зошто е потребна анализата во стратешкото планирање. Им беа претставени најчесто користените алатки за анализа, како SWOT и PEST, кои претставуваат основа при подготвување на стратегија. Резултатите од овие анализи ќе се искористат во наредната фаза од проектот во процесот на подготвување на стратегијата на Локална Акциона Група која ќе се воспостави во Прилепскиот микро регион.
No comment yet, add your voice below!