Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”, на 13 Мај 2013 година во Хотел Милениум во Битола одржа тренинг на тема: “Вештини за спроведување на анализа на територијата”. На оваа средба учесниците се запознаа со терминот анализа на територијата и зошто е потребна при изготвување на стратешки документи. Им беа претставени најчесто користените алатки за анализа, како SWOT и PEST, кои претставуваат основа при стратешкото планирање.
Средбата ја посети Амбасадорот на САД во Македонија Г-дин Пол Волерс, претставници од УСАИД Македонија, Директор на Карана Корпорација Г-дин Карл Ларкинс, Директорката на Центарот за развој на Пелагониски плански регион Г-ѓа Емилиа Ѓероска, претставници од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделието и др.
Проектот се имплементира со финансиска поддршка на УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси, имплементиран од Карана Корпорација, кои ја започнаа инцијативата Расти повеќе пченка како прв чекор кон модернизирање на производството на пченка во Македонија. Оваа иницијатива во Пелагонија, УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси ја спроведува во партнертсво со Центарот за развој на Пелагониски плански регион.
No comment yet, add your voice below!