Министерот за локална самоуправа Тахир Хани денеска во Битола оствари средба со раководителите на осумте Центри за регионален развој кои дејствуваат во исто толку плански региони во Република Македонија. Координативниот состанок со раководителите на Центрите за регионален развој, потенцира минситерот Хани, е во функција на Националната стратегија за рурален туризам во Република Македонија.
Поддржуваме зајакнување на улогата на регионалните центри во Република Македонија бидејќи претставуваат добар механизам за рамномерен регионален развој. Главното внимание го посветивме на Националната стратегија за рурален туризам и очекуваме Центрите да одиграат клучна улога во реализацијата на сите проекти предвидени со оваа стратегија, истакна министерот за локална самоуправа Тахир Хани. На денешната средба во Битола чиј домаќин беше Центарот за развој на пелагонискиот плански регион, раководителите на осумте центри за регионален развој со заедничка оценка дека кога заеднички дејствуваат поефикасно ги остваруваат своите цели. Нашите капацитет се големи и развиени и може да одговорат на тоа што го бара донаторската заедница, како и Владата преку своите министерства. Сите наши активности се во функција на исполнување на мисијата, односно намалување на диспаритетот во регионите во Република Македонија, како и намалување на диспаритетите внатре во секој регион меѓу општините, истакна Емилиа Ѓероска, директорка на Центарот за развој на пелагонискиот плански регион со седиште во Битола
No comment yet, add your voice below!