На 27 Март 2013 година во Ресторан Галакси во Претор во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”, Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион организира тренинг на тема: “Вмрежување на локалните заинтересирани страни”.
На тренингот претставниците од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор од Ресенскиот микро регион се информираа за користа од мрежите и од вмрежувањето за успешен регионален развој и за различните видови на мрежи во регионалниот рурален менаџмент. Во наредниот период се планирани уште два тренинзи во секој од трите микро региони на Пелагонија.
“Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” е финансиски поддржан од УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси, имплементиран од Карана Корпорација.
No comment yet, add your voice below!