Претставници на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион присуствуваа на обука за зајакнување на капацитетите на заинтересираните страни во прекуграничните региони на Преспа и Шара од 12 до 14 март 2013 година во Хотел Бистра во Маврово.
Обуката беше организирана од Постојната регионална работна група за рурален развој во Југоисточна Европа во рамките на проектот “Подготовка за имплементација на пристапот за развој заснован на области во Западен Балкан”.
Теми кои беа опфатени на обуката беа пишување на предлог проекти и стратешко планирање. Целта на обуката беше јакнење на капацитетите на Групата на заинтересирани страни составена од претставници на регионалните и локални власти, граѓанско општество и деловниот сектор за подобрување на регионалната соработка во прекуграничните региони на Преспа и Шара за нивен одржлив развој.
Краен резултат на вклучувањето на заинтересираните страни во стратешкото планирање за регионална соработка во прекуграничните региони ќе биде изготвување и спроведување на програми и проекти за поттикнување на економскиот развој, како и воспоставување на платформа за размена на информации, искуства и добри практики за регионалниот рурален развој.
No comment yet, add your voice below!