Skip to content

Тренинг во Битола во рамките на проектот: “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”

ДАТУМ

март 4, 2013

Категории

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” на 04 Март 2013 година во Хотел Милениум во Битола организира тренинг на тема: “Воспоставување на партнерство и формирање на ЛАГ-ови”.

Со овој тренингот заврши првата серија од низата тренинзи кои ќе се организираат во наредниот период во Пелагонискиот регион, кој имаше за цел учесниците да добијат информации за доброто владеење и мобилизирање на локалните заедници, за референтните национални документи и документи на Европската Комисија што се однесуваат на територијата и на формирањето на ЛАГ-ови, како и за процесот на формирање на Локалните Акциони Групи. Во наредниот период следуваат три тренинзи со различни теми во секој од трите микро региони во Пелагонија пред да се пристапи кон процесот на регистрирање на Локалните Акциони Групи. Проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” е финансиски поддржан од УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси, имплементиран од Карана Корпорација.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy