Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во соработка со УСАИД Проектот за Експанзија на мали бизниси на 06 Февруари 2013 година во Хотел Епинал во Битола ќе организира Конференција на тема : “Како до пари за финансирање на Вашиот бизнис”.
Во текот на конференцијата ќе се одржат седум сесии посветени на различните финансиски инструменти како: ИПА – Прекугранична соработка, ИПА/ИПАРД, Национална Програма за Рурален Развој, Програма за Конкурентност и Иновации – CIP, Инструменти за финансирање од Холандската Влада, Поддршка за малите бизниси и Бизнис советодавни услуги – SBS/BAS и Македонска Банка за Поддршка и Развој. На крајот на конференцијата во повеќе групи ќе се дискутираат успешните приказни за пристапување кон презентираните развојни фондови, пречките за пристап до истите, чекорите кои се критични за нивно надминување, како и идеи за проекти кои би можеле да имаат позитивно влијание врз локалниот економски развој во Пелагонија.Поканети да земат учество на Конференцијата се претставници на сите компании од Пелагонискиот регион како и потенцијални претприемачи кои сакаат да дознаат повеќе за финансиската помош достапна за малите и средни претпријатија.
Покрај Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион и УСАИД Проектот за Експанзија на мали бизниси, во организацијата на настанот учествуваат и Бизнис Стартап Центарот од Битола, Фондацијата Преда Плус од Прилеп и Стопанска комора на Република Македонија со подрачните единици во Битола и Прилеп.
No comment yet, add your voice below!