Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, ќе организира работилница во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” на 26 Декември 2012 година со почеток во 10 часот во Хотел Кристал Палас во Прилеп.
Поканети на оваа средба ќе бидат претставници од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор од ресенскиот регион, кои беа учесници на претходните средби и инфо денови организирани во рамките на проектот.На настанот ќе биде им се објасни на присутните за карактеристиките на овој пристап и ќе се презентираат потребни чекори за воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион.На работилницата ќе се работи на идентификување и дефинирање на капиталот на територијата, на градење на капацитетите кои ќе земат активно учество во процесот и определување на можните членови во Локалните Акциони Групи.Проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” е финансиски поддржан од УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси имплементиран од Карана Корпорација.
No comment yet, add your voice below!