Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион на 20 Декември 2012 година во Ресен организира работилница во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”.На оваа средба се остварија зацртаните цели, присутните да ги разберат карактеристиките на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот и кои се потребни чекори за воведување и спроведување на овој пристап во Пелагонискиот регион.
На работилницата исто така се работеше на идентификување и дефинирање на капиталот на територијата и определување на можните членови во Локалните Акциони Групи. Проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” е финансиски поддржан од УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси, имплементиран од Карана Корпорација.
No comment yet, add your voice below!