Во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” , Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион ќе организира работилница на 20 Декември 2012 година со почеток во 10 часот во Ресторан “Вито” во Ресен.
Присутни на оваа средба ќе бидат претставници од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор од ресенскиот регион, кои беа учесници на претходните средби и инфо денови организирани во рамките на проектот.Целта на настанот ќе биде конкретно да им се објаснат на присутните карактеристиките на овој пристап и да се презентираат потребни чекори за воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион.На работилницата ќе се работи на идентификување и дефинирање на капиталот на територијата, на градење на капацитетите и зајакнување на човечките ресурси кои ќе земат активно учество во проектот и определување на можните членови во Локалните Акциони Групи.Проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” е финансиски поддржан од УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси имплементиран од Карана Корпорација.
No comment yet, add your voice below!