Skip to content

Информативен ден во Битола за проектот Воведување и спроведување на LEADER пристап на ЕУ во пелагонискиот регион

ДАТУМ

ноември 26, 2012

Категории

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион на 26 Ноември 2012 година во канцелариите на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во Битола одржа инфо ден во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”.

Присутни на средбата беа претставници од општините во регионот, компании, земјоделци, здруженија на млади, организација на жени, граѓанска асоцијација, федерација на фармери, волонтерска организација, еколошки друштва итн.Преку кратка презентација проект координаторот г-дин Владимир Величковски им ги објасни принципите и карактеристиките на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот и преку конкретни примери од успешни ЛЕАДЕР проекти им ги прикажа можностите кои ги нуди оваа програма.На средбата се дискутираше за очекувањата од воведувањето на ЛЕАДЕР пристапот и се започна со процесот на дефинирање на приоритетните потреби и креирање на идеи за подобрување на условите во руралните средини на регионот.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy