Во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” , Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион на 23 Ноември 2012 година одржа информативна средба во Општина Кривогаштани.Целта на средбата беше да се информира населението за предностите на здружувањето при решавањето на заедничките проблеми и за тоа како можат проблемите во регионот да се решат во рамките на оваа програма.
Преку кратка презентација им се објасни на присутните за ЕУ ЛЕАДЕР пристапот и Пелагонија ЛЕАДЕР проектот и со конкретни примери од слични проекти им се прикажаа можностите кои ги нуди оваа иницијатива.На средбата се утврдија кои се очекувањата од воведувањето на ЛЕАДЕР пристапот и се започна со креирање на идеи за подобрување на условите во руралните средини на регионот.
No comment yet, add your voice below!