Во рамките на децентрализираната соработка помеѓу Република Македонија и регионот Долна Нормандија од Франција и проектот Регионални Денови на културата во Пелагонија – финансиски поддржан од Министерство за култура на Република Македонија, во периодот од 04.10.2012 (четврток) до 05.10.2012 (петок), успешно се реализира посета на делегација на експерти од областа на културата и културните политики од регионот Долна Нормандија во регионот Пелагонија.
За време на посетата гостите од Франција остварија повеќе билатерални средби со носителите на културните политики во Пелагонискиот регион и со креаторите на автентичниот културен Пелагониски производ.
Конкретно, француската делегација се сретна со:
г-дин Славко Велевски – Градоначалник на општина Могила,
Оливер Ристевски – Организатор на манифестација “Петровденски Денови” – с. Долно Српци,
Дејан Петровски – организатор на “Пејачи аматери” с.Долно Српци,
Јосиф Блажевски – Водач на женска вокална група “Водичарки” – с. Беранци,
г-ѓа Лилјана Христова, Директорка на Завод и Музеј – Битола
г-ѓа Емилиа Ѓероска, Раководител на Центар за развој на Пелагониски плански регион,
г-дин Борче Димитровски, Директор на Центар култура Битола,
Претставници на Младински Културен Центар – Битола.
Се очекува дека по успешното иницијално институционално запознавање на претставниците од двата региони, соработката во културата ќе се интензивира а со тоа развојот на овој сектор ќе добие позабрзана динамика.
No comment yet, add your voice below!