На покана на Европската Асоцијација на Зоолошки Градини и Аквариуми (ЕАЗА), претставник на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион (сопственик на техничката документација за реконструкција на Зоо Битола) заедно со Директорот на Зоолошката Градина во Битола учествуваа на Годишната конференција на ЕАЗА. Поканата за учество на конференцијата следуваше по доделениот статус “кандидат за членство во ЕАЗА (во фаза на реконструкција)” на Битолската Зоолошка Градина.
Целта на учеството на конференцијата беше Зоо Битола да се запознае и претстави пред современата европска Зоо заедница и непосредно да ги следи презентациите на останатите кандидати за членство во ЕАЗА. Презентациите детално го прикажуваа напредокот што овие Зоолошки Градини го имаат постигнато во текот на изминатите 12 месеци, нешто што во 2013 година ќе претставува правна обврска на Зоо Битола.
Следните кандидати за членство имаа свои презентации:
– Зоолошка Градина Калининград – Русија
– Зоолошка Градина Краков – Украина
– Зоолошка Градина Осијек – Хрватска
– Зоолошка Градина Сараево – Босна и Херцеговина
– Зоолошка Градина Софија – Бугарија
– Зоолошка Градина Брасов – Романија
– Зоолошка Градина Ереван – Ерменија
– Зоолошка Градина Тиргу Муреш – Романија
Во рамките на учеството на конференцијата беа остварени и билатерални средби со раководствата на :
– Управните тела на ЕАЗА
– Зоо Софија
– Зоо Сараево
– Зоо Калининград
– Зоо Осијек
– Зоо Загреб
– Мајро Хоедемакер – Менторот кој ЕАЗА го назначи да го води процесот на реконструкција и одговорен за достигнувањето на Европските стандарди и критериуми за чување на животни во заробеништво во Зоо Битола.
На конференцијата учество зедоа повеќе од 200 делегати и соработници од Зоолошки Градини и Аквапаркови ширум Европа.
No comment yet, add your voice below!