Со финансиски средства обебзедени како донација од Агенцијата за Електронски Комуникации на Република Македонија, започна реконструкцијата на живеалиштето на Нилскиот коњ во Битолската Зоолошка Градина. Градежните активности ќе се одвиваат согласно предвиденото во техничката документација за комплетна реконструкција на Зоолошката Градина.
Живеалиштето ќе биде реконструирано според барањата на Европската Асоцијација на Зоолошки Градини и Аквариуми и со тоа ќе ги исполни најстрогите современи критериуми и стандарди за чување на животни во заробеништво, пропишани од страна на Европската Комисија. По завршувањето на градежните активности, Зоолошката Градина ќе добие нов жител со што ќе ја збогати својата понуда и ќе одговори на потребите на своите посетители. Дополнително, од Програмата за рамномерен регионален развој на Република Македонија ќе се обезбедат средства за инсталирање на електриката во самото живеалиште.
No comment yet, add your voice below!