Центарот за развој на Пелагонискиот регион во соработка со Американското катче и Лајонс клуб Кабадаја од Битола, на 11.07.2012 година организираа групна посета на Битолската зоолошка градина за 30-тина учесници на младинскиот летен камп на Лајонс Дистрикт 132 Македонија.
Во рамките на посетата на Зоолошката градина, учесниците, кои беа од повеќе Европски земји (Финска, Германија, Естонија, Турција и Македонија), имаа можност да се запознаат со активностите кои се превземаат за реновирање на Зоолошката Градина и да добијат специфични знаења за животните кои се дел од нејзиното матично стадо.
По завршувањето на едукативно-рекреативната тура низ Зоолошката, во конференциската сала на Центарот за развој на Пелагонискиот регион, гостите заедно со нивните домаќини развија дискусија на неколку специфични теми поврзани со биодиверзитетот и мисијата на современите Зоолошки Градини:
1. Што е поважно за една зоолошка градина? Задоволството на посетителите или добробитот на животните? Зошто?
2. Кои услуги/активности можат да ги спроведат волонтерите во Зоо Битола дополнително?
3. Која треба да биде мисијата на модерните Зоолошки Градинин денес?
4. Кои животни и кои новини треба да ги воведе Зоолошката Градина во Битола?
5. Што може да биде направено во иднина за да се подобрат условите за живот на животните?
Од страна на учесниците во дебатата, на сите овие теми беа дадени интересни одговори, препораки и мислења, кои целосно кореспондираат со она што во наредниот период ќе се случува во Битолската Зоолошка Градина:
– Реконструкција на живелиштата и комплементарната инфраструктира во Зоо,
– Имплементирање на Едукативната програма за маркетинг и промоција на Зоо,
– Воспоставување и зајакнување на соработката на Зоо Битола со надоврешни институции со слична мисија на нејзината.
No comment yet, add your voice below!