Центарот за развој на Пелагониски плански регион на 12.04.2012 година (четврток) во општина Долнени, во присуство на Министерот за локална самоуправа г-дин Невзат Бејта, Директорката на Центарот за развој на Пелагониски регион г-ѓа Емилиа Ѓероска, Градоначалникот на општина Долнени г-дин Абдула Бајрамоски и Градоначалникот на општина Кривогаштани г-дин Гоце Дуртаноски свечено ја пуштија во употреба хлорната станица во с.Дебреште, општина Долнени.Изградбата на хлорната станица беше финансиски поддржана од страна на Министерството за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој во рамките на програмата за рамномерен регионален развој на Република Македонија.
Покрај изградбата на хлорната станица изграден е и пристапен пат до станицата со цел непречено работење на истата и безбеден дотур на боци со хлор. Со доизградбата на Хлорната станица и комплетното имлементирање на проектот во с.Дебреште општина Долнени се овозможи непречено снабдување на квалитетна и здрава вода за пиење за околу 30.000 жители од населените места во општините Долнени, Кривогаштани и Крушево. Во хлорната станица во општина Долнени беа инвестирани 2.000.000,00 денари со финансиска поддршка од Бирото за регионален развој преку Министерството за локална самоуправа.
No comment yet, add your voice below!