Центарот за развој на Пелагониски плански регион на 22.03.2012 година на Битолското шеталиште во Битола го снимaше спотот за песната “ Секој ден е среќен ден” со Ламбе Алабаковски и детскиот хор Звончиња од Битола. Видео спотот е дел од промотивната кампања за сензитирање на јавноста за поддршка на реконструкцијата и изградбата на Зоолошката градина во Битола.
На оваа кампања му претходеше проектот: “ Изработка на комплетна техничка документација за рекоснтрукција на ЗОО Битола” кој беше имплементиран од страна на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион со финансиски средства од Бирото за рамномерен регионален развој во 2011 година. Видео записот ќе ја има својата промоција на Промотивниот настан кој ќе се одржи на 22 Април “Денот на планетата земја” – во Битола, каде што Ламбе Алабаковски заедно со детскиот хор Звончиња и уште многу други локални звезди ќе порачаат дека во Зоолошката градина во Битола “ Секој ден е среќен ден”.
No comment yet, add your voice below!