Skip to content

Одобрен проект Децентрализирана соработка- културна политика и културна размена – помеѓу Р. Македонија (регионот Пелагонија) и Р. Франција (регионот Долна Нормандија)”

ДАТУМ

февруари 14, 2012

Категории

Во рамките на Програмата за остварување на националните интереси во културата за 2012 година, Министерството за култура на Република Македонија на Центарот за развој на Пелагонискиот регион (ЦРППР)”.

му одобри проект насловен “Децентрализирана соработка- културна политика и културна размена – помеѓу Р. Македонија (регионот Пелагонија) и Р. Франција (регионот Долна Нормандија). Проектот ќе биде реализиран во текот на 2012 година и иститот претставува продолжение на веќе превземените активности од страна на ЦРППР во делот на културниот развој и развојните политики на регионот.
Носител на имплементацијата ќе биде Центарот за развој на Пелагонискиот регион, а партнери во проектната реализација ќе бидат Центар за култура – Битола и Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата – Скопје.
Главната цел на проектот е придонес кон вкупниот развој на регионот Пелагонија преку развојот на културата и културната и уметничката понуда.
Специфичните цели на проектот се:
-јакнење на соработката помеѓу културните институции во регионот Пелагонија и културни институции во меѓународни рамки,
– јакнење на капацитетите на културните институции во регионот во поглед на  стратешкото планирање и развојот на нови и конкурентни културни и уметнички производи,
– збогатување на културната понуда во регионот,
-иницирање на трајни партнерства помеѓу културните институции во Пелагонискиот регион и нивни сродни релевантни меѓународни институции, како главна основа за создавање и развој на заеднички проекти кои ќе ја подобрат  презентацијата на Македонската култура во меѓународни рамки.
Проектната реализација предвидува два модули и тоа:
Модул 1 – Културна размена помеѓу регионот Пелагонија и регионот Долна Нормандија.
Модул 2 – Јакнење на капацитетите на носителите на културните политики во Пелагонискиот регион во однос на стратешкото планирање и реализација на нивните развојни планови.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy