Центрите за развој на планските региони, меѓу кои и Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во соработка со Министерството за локална самоуправа организираа Обука за стратешко планирање на локално ниво. Обуката во Битола се одржa на 13.12.2011 година (вторник), во просториите на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион со почеток во 11:00 часот.
Обуката е намената за вработените од општинските администрации во регионот, кои работат во делот на стратешко планирање и буџет. Оваа активност е во рамките на мандатот на Центарот за развој на Пелагонискиот регион, односно во насока на давање на континуирана поддршка во развојот на општините-основачи на оваа институција. По завршувањето на обуката се очекува регионалните капацитети во делот на финансискиот менаџмент и стратешкото планирање да бидат зајакнати, со што ќе се придонесе кон остварување на целите и приоритетите на Пелагонискиот регион.
No comment yet, add your voice below!