Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион на 04.11.2011 (петок) одржа две трибини за учениците од средното општинско училиште ,,Ѓорче Петров” и за учениците од средното општинско училиште ,,Ристе Ристески – Ричко” во општина Прилеп.
Трибините беа со цел запознавање на учениците со причините и последниците од настанувањето на пожарите и како поуспешно спречување.Покрај предавањето на двата експерти од ТППЕ Прилеп и Центарот за управување со кризи кои ќе ги презентираат искуства и предизвици во справување со огнени стихии беше прикажан и видео спотот кој беше изработен во рамките на овој проект .
– Трибината во СОУ ,,Ѓорче Петров” се одржа во 12:30 часот
– Трибината во СОУ ,,Ристе Ристески – Ричко” се одржа во 15:00 часот
Проектот се реализира од месец Август до Ноември 2011 година и истиот е поддржан од Министерството за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој.
No comment yet, add your voice below!