На 08.10.2011 година во Прилеп на Плоштадот Методија Андонов Ченто со почеток во 12 часот се изврши свечено примопредавање на противпожарната и спасувачка опрема на ТППЕ Прилеп.
На свеченото примипредавање пред присутните граѓани се обрати Заменик Министерот за локална самоуправа г-дин Сашо Лазаревски, Раководителот на Центарот за развој на Пелагонискиот регион г-ѓа Емилиа Ѓероска,
Градоначалникот на општина Прилеп г-дин Марјан Ристески и командирот на Територијалната против пожарна единица Прилеп г-дин Станко Колески.
Покрај свеченото примопредавање на опремата беше изведена и показна вежба од страна на ТППЕ Прилеп.
No comment yet, add your voice below!