Од 15.10.2011 година започнува триесет и второто издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера “Браќа Манаки”. Со учество на повеќе од четиристотини странски. и домашни гости од светот на Битола се до 21 Октомври ќе живее во светот на филмот.Фестивалот свечено ќе биде отворен денес со проекција на филмот “Крвта не проштева”.
На годинешното издание на „Браќа Манаки“ ќе бидат прикажани околу 75 филма од разни краишта на светот, во осум програмски селекции.„Во рамките на документарната програма годинава ќе бидат прикажани 11 филмски документарни остварувања“, потврди Евгенија Теодосиевска селектор на документарната секција во официјалната програма на фестивалот.
Во програмата „Нови визии“ која трета година по ред е дел од „Манаки“ публиката во Битола ќе може да проследи 7 европски филмови. Најголем дел од филмовите се од регионот, од Албанија, Турција, Бугарија.Специјален гостин триесет и второто издание на “Браќа Манаки” ќе биде српскиот актер Мики Манојловиќ, кој воедно ќе ја добие и овогодинешната престижна награда “Златна камера 300″ за особен придонес во светската филмска уметност.Во чест на Манојловиќ фестивалот на 21 октомври ќе се затвори со еден од неговите последни филмови “Беса” на режисерот Срѓан Карановиќ, кој исто така ќе биде присутен во Битола.Стручното жири на главната програма ќе биде предводено од Данте Спиноти, добитник на наградата за животно дело на Фестивалот. Останати членови на жирито се Мартин Швајгхофер, директор на Австриската филмска комисија, нашиот писател Гоце Смилевски, Ева Заоралова, филмска критичарка од Чешка и уметнички консултант на Филмскиот фестивал во Карлови Вари, Најџел Волтерс – претседател на Имаго”, Европската асоцијација на кинематографи.
No comment yet, add your voice below!