Центарот за Развој на Пелагонискиот Плански Регион и НВО Биосфера од Битола, на 15.09.2011 година го потпишаа Договорoт за едукативна програма за промоција и маркетинг на Зоолошката градина во Битола. Оваа програма е дел од Проектот “Изработка на комплетна техничка документација за реконструкција на ЗОО Битола”
кој ќе се реализира со средствата добиени од Бирото за Регионален Развој на Република Македонија, во рамките на повикот од 2009 година.
Покрај едукативната програма за промоција и маркетинг на Зоолошката градина, во рамките на проектот формирана е работна група која ќе подготви проектна програма за изработка на техничка документација за комплетна реконструкција на Зоолошката градина во Битола.
No comment yet, add your voice below!