Седмата по ред обука од „Градиме партнерства“ ќе се одржжи во Битола во периодот 13-14 април, 2011 година и ќе биде наменета за претставниците од локалните самоуправи од Пелагониските општини.
На оваа обука, обучувачите Тања Хафнер Адеми и Даниела Стојанова ангажирани од МЦМС ќе трансферираат знаење за тоа начините како општините да дојдат до фондови за аплицирање на своите предлог-прокети, користејќи презентации, а ќе иницираат и практична. Целната група ќе се стекне со познавања за тоа како се мобилизирааат сите расположливи ресурпси и кои се можни нивни извори.
Во текот на вториот ден ќе се презентираат детално Инструментот за претпристапна помош на Европската унија, Програмите на заедницата и Инструментот за демократија и човекови права на Европската унија.
Очекувани резултати од оваа обука се зајакнати капацитети на општините во Пелагонискиот регион при изнаоѓањето на фондови за аплицирање на нивните предлог-проекти.
No comment yet, add your voice below!