Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион отпочна со реализација на проект за децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија. Една од целите на овој проект е дефинирање на стратешки насоки и активности во културата на регионално ниво.
Во рамките на овој проект во периодот од 04 – 07 април во Битола, ќе биде организирата првата работилница на тема: “Анализа и стратешко планирање за развој на културата во Пелагонија”.
На оваа тридневна работилница за прв пат ќе се пристапи кон стратешко планирање на културниот развој во Пелагонискиот регион, преку подготовка на регионална стратегија за кутурен развој. Учесници на оваа работилница ќе бидат луѓе директно вклучени во културните случувања во регионот, уметници, директори на културни институции и претставници на секторите за култура од локалните самоуправи во Пелагонискиот регион.
Предавачи на работилницата ќе бидат г-ѓа Маријана Цветковиќ од Србија, г. Пјер Шмит, Директор на регионален Центар за Етнологија и Етнографска техника од регионот Долна Нормандија, г-ѓа Цвета Андреева од Бугарија, Билјана Прентовска од Министерство за култура на РМ, и г. Реми Приват- Советник на Вицепремиерот за Европски прашања на РМ.
Во текот на првиот ден учесниците на работилницата ќе ги анализираат состојбите и потребите за културен развој на Пелагонискито регион,и ќе ги дефинираат поимитe: визија, мисија и цели.
На вториот ден од работилницата ќе се дефинира визијата за културен развој на регионот, по претходно утврдена метологија, и ќе се дефинираат долгорочни и краткорочни цели за културен развој на регионот.
Третиот ден е резервиран за изработка на лого, слоган, веб страна и за предавањето на г-ѓа Цвета Андреева на тема: “Извори на финансирање за регионална соработка”, проследено со студии на случаи за интернационални и европски регионални иницијативи.
На четвртиот ден од работилницата г. Реми Приват ќе има своја презентација на тeма: “ Процесот на Европска интеграција и ИПА фондови – можности во културата”. Работниот ден ќе заврши со заклучоци од работилницата и договарање на идни чекори во насока на исполнување на активностите предвидени со овој проект.
Проектот е поддржан од страна на Регионот Долна Нормандија, Француското Министерство за надворешни работи и Асоцијацијата на агенции за локална демократија
Лидери на прокетната целина се:
Локомотива – Центар за нови инцијативи во уметноста и културата од Скопје (Македонија) и
CRECET – Centre Régional de Culture Ethnologique et Technique de Basse-Normandie (Регионален центар за култура, етнологија и техника на Долна Нормадија)
Партнери во реализација на проектните активности од Македонија: Центарот за регионален развој на пелагонискиот плански регион, општина Битола и Министерството за локална самоуправа.
No comment yet, add your voice below!