Skip to content

Организирани две одделни работилници посветени на Јавно-приватното партнерство (ЈПП)

ДАТУМ

февруари 24, 2011

Категории

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион организираше две одделни работилници посветени на Јавно-приватното партнерство (ЈПП). Едната од нив се одржа во Битола (за општините Битола, Ресен, Демир Хисар, Новаци и Могила од и бизнис секторот од овие општини од 24-25 февруари), а другата во Прилеп (за општините Прилеп, Крушево, Кривогаштани и Долнени и бизнис секторот од овие општини од 1-2 март).

Целта на овие работилници беше општините и бизнис секторот да воспостават дијалог за идентифукуваните и веќе подготвени ЈПП проекти од страна на општините за време на трите претходни обуки на оваа тема.
Првиот ден од двете работилници беше наменет исклучиво за општините, за подготовка на Проектни карти за нивните ЈПП проекти. Во суштина, Проектните карти даваат Опис на ЈПП Проектот, во поглед на исходите од неговата реализација, за тендерска процедура, вредноста за пари, јавниот интерес, временските одредници, клучните страни, договорните односи, трансферот на ризиците, обврските на јавниот и приватниот партнер, трошоците, начинот на финансирање и обезбедување и обврските по истекот на договорот.

Вториот ден, општините од Пелагонискиот регион ги презентираа веќе подоготвените ЈПП проекти пред заинтересираните потенцијални инвеститори. Секоја општина имаше креирано најмалку еден ЈПП проект:
– Битола – Изградба на подземна катна гаража со деловен простор
– Прилеп – Изградба на автобуска станица со деловен проетор
– Демир Хисар – Собирање, транспорт и депонирање на отпад
– Крушево – Спортско рекреативен центар Гумење
– Могила – Поекономично осветлување на јавните површини
– Новаци – Дневен центар за стари лица
– Кривогаштани – Детска градинка
– Долнени – Дневен центар за стари лица
Приватниот сектор низ панел дискусија со општините се интересираше за вредноста на проектите, за начинот и областите во коишто може да се воспостави ЈПП, целите, особено економско-социјалните за воспоставување на поефективно и поквалитетно обезбедување на јавните услуги, законската рамка и условите за вршење на јавните услуги, односно дејности од јавен интерес и меѓусебните права и обврски во обезбедувањето на услугите.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy