Третиот и последен семинар посветен на промоција на законот за управување со пакување и отпад од пакување којшто се одржа на 7 февруари, 2011 година во Прилеп беше наменет за бизнис секторот во Пелагонискиот регион.
После официјалното обраќање на градоначалникот на општина Прилеп, г-дин Марјан Ристески и Раководителот на ЦРППР, г-ѓа Емилиа Ѓероска, предавачот, г-ѓа Јадранка Иванова од МЖЦПП (воедно и автор на овој Закон) ги запозна компаниите со обврските и одговорностите што истиот ги предвидува за нив во поглед на третманот на отпадот од пакување, стандардите што треба да ги достигнат, системите за обновување и рециклирање и системот на информирање на потрошувачите.
Богата дискусија се разви меѓу предавачот и партиципиентите на овој семинар во поглед на механизмите коишто компаниите треба да ги користат за да вршат правилен третман на овој отпад, после што компаниите во целост ќе започнат да ги применуваат согласно одредбите од законот коишто започнаа да важат од почетокот на оваа година.
Со ова, ЦРППР даде сопствен придонес кон обезбедувањето високо ниво на заштита на животната средина, преку инвестирање во подигнувањето на свеста и знаењата за начините за намалување на количината на отпад од пакување преку преработка, односно рециклирање.
No comment yet, add your voice below!