Skip to content

Развивањето на бизнис вештините и запознавањето на можностите за финансирање на бизнисите беше тема на третата обука

ДАТУМ

декември 15, 2010

Категории

Развивањето на бизнис вештините и запознавањето на можностите за финансирање на бизнисите беше тема на третата обука што тимот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион ја организираше во периодот 15-16 декември, 2010 година согласно предвидените активности од проектот „Градиме партнерства“.

Учесниците од приватниот и јавниот сектор првиот ден имаа можност да градат претприемнички вештини, да ја изучуваат SWOT анализата, подобро да го запознаат својот пазарен удел и да проучат соодветни модели како да го прошират, а се запознаа и со маркетинг микс концептот и бенефитите што тој ги носи со негова правилна употреба. Во текот на вториот ден, учесниците низ дискусија и вежби анализираа биланси, финансиски текови (поврзаност и меѓузависност на соодветните билансни ставки и категории) и капитални структури на компаниите. Опсежна презентација беше дадена за можностите за финансирање на бизнисите, односно начините на којшто компаниите имаат можност да стигнат до свеж капитал за финанситање на нивните тековни операции или преземени инвестиции. Богата дискусија беше развиена на оваа тема меѓу сите учесници.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy