Во рамките на проектот „Унапредување на квалитетот за животната средина во Пелагонискиот плански регион преку промоција на Законот за управување со пакување и отпад од пакување“ на 01.11.2010 година (понеделник) со почеток во 10:30 часот, во хотел „Милениум“ во Битола се одржa работилница за промоција и презентација на Законот наменета за НВО секторот.
На работилницата присуствуваа НВО од општините на Пелагонискиот плански регион регион (Битола, Демир Хисар, Долнени, Крушево, Кривогаштани, Могила, Новаци, Прилеп и Ресен) кои се активно вклучени во ова поле на дејствување.Целта на презентацијата е да се согледа улогата на НВО во спроведувањето на Законот за управување со пакување и отпад од пакување и нивното активно учество во подигнувањето на јавната свест кај сите чинители.
Законот го промовира Јадранка Иванова – раководител на сектор за Европска Унија во Министерство за животна средина и просторно планирање и Никола Дојчинов, од Република Бугарија, кој го презентира искуството од спроведувањето на Директивата 94/62/ЕЗ за пакување и отпад од пакување дополнета со Директивата 2004/12/ЕУ и Директивата 2005/20/ЕУ во Република Бугарија.
Спроведувањето на проектот се рализира со финансиска поддршка на Амбасадата на Кралство Норвешка во Република Македонија.
Презентации:
1.Никола Дојчинов, Република Бугарија, искуството од спроведувањето на Директивата 94/62/ЕЗ за пакување и отпад од пакување дополнета со Директивата 2004/12/ЕУ и Директивата 2005/20/ЕУ во Република Бугарија. Download
2.Јадранка Иванова – раководител на сектор за Европска Унија во Министерство за животна средина и просторно планирање – Законодавството на ЕУ во областа на пакувањето. Download
No comment yet, add your voice below!