Skip to content

Во рамките на проектот „Унапредување на квалитетот за животната средина во Пелагонискиот плански регион преку промоција на Законот за управување со пакување и отпад од пакување“

ДАТУМ

октомври 30, 2010

Категории

Во рамките на проектот „Унапредување на квалитетот за животната средина во Пелагонискиот плански регион преку промоција на Законот за управување со пакување и отпад од пакување“ на 01.11.2010 година (понеделник) со почеток во 10:30 часот, во хотел „Милениум“ во Битола ќе се одржи работилница за промоција и презентација на Законот наменета за НВО секторот.

Работилницата е наменета за здруженијата на граѓани од општините на Пелагонискиот плански регион регион (Битола, Демир Хисар, Долнени, Крушево, Кривогаштани, Могила, Новаци, Прилеп и Ресен) кои поспецифично се занимаваат со оваа проблематика.

Целта на презентацијата е да се согледа улогата на НВО во спроведувањето на Законот за управување со пакување и отпад од пакување.

Законот ќе го промовира Јадранка Иванова – раководител на сектор за Европска Унија во Министерство за животна средина и просторно планирање.

Вториот предавач е Никола Дојчинов, Република Бугарија, кој ќе го презентира искуството од спроведувањето на Директивата 94/62/ЕЗ за пакување и отпад од пакување дополнета со Директивата 2004/12/ЕУ и Директивата 2005/20/ЕУ во Република Бугарија.

Спроведувањето на проектот се рализира со финансиска поддршка на Амбасадата на Кралство Норвешка во Република Македонија.

Ова е втора работилница во рамките на проектот. Првата беше наменета за Градоначалниците и директорите на јавните претпријатија од регионот, додека последната, третата ќе биде дизајнирана за бизнис секторот т.е произведувачите на отпад од пакување и пакување.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy