На годинешното 31-во по ред издание на фестивалот “Браќа Манаки“ меѓу 150 исклучителни гости од светската кинематографија како добитник на наградата “Златна камера 300“ ќе гостува американската актерка, Дарил Хана. Педесетгодишната актерка има играно во над 50 наслови, меѓу кои холивудските “Истребувач“, “Роксана“, “Возбуда“, “Вол стрит“ и негативка во “Убиј го Бил“.
Во нејзина чест на фестивалот “Браќа Манаки“ што ќе се одржи од 16 до 22 октомври во Битола, ќе биде прикажан вториот дел на филмот на Квентин Тарантино, “Убиј го Бил“. Шестчленото жири за фестивалот ќе биде предводено од оскаровецот Вилмош Жигмонд, а меѓу другите членови ќе бидат, Павел Павликовски, Кристине Долхофер, Доминик Фури, Наташа Браер и Дарко Митревски од Македонија. На фестивалот ќе бидат присутни вкупно 400 странски и домашни гости, а за во недела во Битола е најавена пресконференција со актерката Дарил Хана.
No comment yet, add your voice below!