Skip to content

Организирана првата обука во рамките на проектот „Градиме партнерства“

ДАТУМ

октомври 8, 2010

Категории

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион од 7-10 Октомври, 2010 година, во х. „Милениум“ Битола ја организира првата обука во рамките на проектот „Градиме партнерства“ која што се однесува на развивање на предлог проекти

за финансирање од претпристапни фондови на  ЕУ. Оваа обука е наменета за администрацијата во локалните самоуправи во Пелагонискиот регион, пред сè, одделенијата за локален економски развој.
Врз основа на презентации на концепти, теории, практична работа, работа во групи и дискусии, учесниците ќе се запознаат со проектниот менаџмент, фазите на проектниот циклус, раководењето со него, ќе се оспособат за идентификување проблеми, нивна анализа и претворање во цели, ќе знаат да ја постават основата на добар проект (логичка рамка, логика на интервенција и сл), ќе знаат да подготват детални акциски планови, ќе се запознаат со процесот на буџетирање и видовите буџети, како и со правилата за ЕУ аплицирање.

На овој начин, Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион инвестира во развојот на капацитетите на јавниот сектор преку воспоставување на организиран и структуиран тим, опремен со неопходни вештини во секоја од Пелагониските општини способен да ги координира и поддржи бизнис активностите во регионот.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy