Bо Битола се одржа промотивна конференција „Градиме партнерства“ со која официјално отпочна реализацијата на проектот „Институционална надградба за координација и поддршка на бизнис активностите во Пелагонискиот плански регион“. На конференцијата присуствуваа Директорот на Бирото за регионален развој г-дин Џемаил Елмази, Градоначалниците од 9 – те општини во Пелагонискиот плански регион, преставници на бизнис секторот и граѓанските организации.
„Очекуваме интезивирање на активностите, посебно во патната инфраструктура, водовод, канализација и други проекти, и за сите општини“- посочи г-дин Џемаил Елмази, директор на Бирото за регионален развој.
Градоначалникот на општина Прилеп г-дин Марјан Ристески истакна дека со овој проект ќе овозможи подобра економска перспектива за овој регион, а со предвидените обуки за бизнис секторот и општинската администрација ќе се зголемат капацитетите на човечките ресурси за странски инвестиции.
Ќе овозможиме директно инвестирање во нашите знаења, капацитети и вештини на три теми, односно како до подобар проект и негово финансирање, како да функционира јавно-приватното партнерство и како да ја промовираме бизнис климата во овој регион за што ќе издадеме посебен бизнис каталог, веб страна и софтвер со кој ќе се обработуваат бизнис податоците истакна на денешната промоција на проектот раководителот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион г-ѓа Емилиа Ѓероска.
За првите активности во проектот говореа Александар Кржаловски, извршен директор на МЦМС, Херман Снелдер, експерт од Холандија и Лазар Неданоски, консултант за локален економски развој.
Проектот е дел од Програмата за развој на Пелагонискиот регион 2010-2015 а се реализира со финансиска поддршка на Министерството за локална самоуправа на Република Македонија преку Бирото за регионален развој.
No comment yet, add your voice below!