На, 27 септември, ќе се одржи традиционалната манифестација “Преспански јаболкобер”, која се очекува да биде најмасовна досега. Манифестацијата ќе започне со откинување на првото јаболко во овошниот насад на Агроплод – Ресен.
Во рамките на програмата на Преспанскиот јаболкобер предвидена е и културно-уметничка програма со настапи на културно-уметнички друштва.Јаболковото производство во Преспа е присутно повеќе од 100 години. Со јаболкопроизводство се занимаваат околу 3000 домаќинства кои бројат околу 10-11 илјади членови. о вкупната македонска продукција Општина Ресен влегува со 65%. Под јаболкови насади засадени се 3200 хектари обработливо земјиште во општината.
No comment yet, add your voice below!