Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион на 03.09.2010 (петок) во х. Монтана Палас во Крушево го одржа првиот од трите семинари во рамките на проектот: „Унапредување на квалитетот за животната средина во Пелагонискиот плански регион преку промоција на Законот за управување со пакување и отпад од пакување“.
На оваа работилница присуствуваа седум градоначалници на општините во Пелагонискиот регион: Демир Хисар, Долнени, Крушево, Кривогаштани, Могила, Новаци и Ресен, вработените во локалната самоуправа и директорите на Јавните комунални претпријатија.Законот за управување со пакување и отпад од пакување го промовираше Јадранка Иванова – раководител на сектор за Европска Унија во Министерството за животна средина и просторно планирање и воедно автор на истиот. Таа потенцира дека со Законот се поставени национални цели за преработка и рециклирање на отпадот од пакување кои се во согласност со европските, и дека, за нивно достигнување македонските компании и општини мора да пристапат кон организирано менаџирање на овој процес.
Со имплементацијата на проектот, Центарот за развој на пелагонискиот регион ја отвори дебатата за спроведување на одредбите од Законот. Целата е сите три заинтересирани страни да седнат на заедничка маса и да се договорат како да се намали количината на отпад од пакување во регионот односно како да се обезбеди здрава и квалитетна животна средина. По завршувањето на проектот ќе биде дисеминиран флаер со основните обврски кои произлегуваат од Законот а се наменети за општините, компаниите и домаќинствата.
Вториот семинар е предвиден за економските оператори односно производителите и увозниците на отпад од пакување ќе се одржи во месец октомври, а третиот семинар наменет за здруженијата на граѓани во месец ноември.
Со спроведувањето на проектот, Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион ја реализира Програмата за развој на Пелагонискиот плански регион за периодот 2010 – 2015 каде заштитата на животната средина во контекст на спроведување на принципите за одржлив развој има приоритетно значење.
No comment yet, add your voice below!