Skip to content

Организиран промотивен настан во рамките на проектот „Градење на партнерства за Рурален Развој – реформа на заедничка земјоделска политика после 2013 година“

ДАТУМ

август 30, 2010

Категории

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во партнерство со АЛКА – Здружение за Одржлив Развој, на ден 01. 09. 2010 година во селото Крклино  организираше промотивен настан во рамките на проектот „Градење на партнерства за Рурален Развој – реформа на заедничка земјоделска политика после 2013 година“ во имплементација на ПРЕПАРЕ – Партнерство за рурална Европа.

ПРЕПАРЕ Собирот се состои од серија поврзани настани кои што оваа година  се организираат во Македонија, со цел да ги поврзи претставниците на граѓанските организации, институциите и приватниот сектор посветени на развојот на руралните средини, првенствено од Централна и Југоисточна Европа но и од земјите членки на Европската Унија.
На денешниот настан беа присутни гости од Југоисточна и Центарлна Европа каде преку проектот „Градење на партнерства за Руален Развој“  Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион ги запозна со потенцијалите на селото Крклино за рурален развој низ две конкретни иницијативи: хиподромот „ХРИБО“ и авто – етно музејот односно Збирката на реткости „ФИЛИП“.
Раководителката на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион Емилиа Ѓероска ги поздрави присутните и ја потенцира важноста на Европските програми и фондови за подршка на руралниот развој во Пелагонискиот регион. Исто така им беше промовирана и мапата „Откријте ги убавините на Пелагонискиот регион“- проект кој има за цел промоција на туристичките атракции во регионот на еден едноставен и начин. Мапата е изработрена на македонски и англиски јазик а ќе биде дистрибуирана во 9-те општини: Битола, Демир Хисар, Долнени, Прилеп, Крушево, Кривогаштани,  Могила, Новаци, и Ресен на локации како: туристички агенции, автобуски станици, железнички станици,  туристички инфо бироа и сл.По посетата на Крклино, гостите го посетија и селото Бабино, Демир Хисар каде што ја посетија приватната Библотека и рибниот ресторан.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy