На 25.06.2010 година во просториите на опшина Битола се одржа средба помеѓу Министерството за информатичко општество, претставници на УСАИД проектот за основно образование (ПЕП) со претставници на општините и основните училишта од Пелагонискиот плански регион.
На оваа средба претставниците од УСАИД ги презентираа активностите што треба да бидат преземени од страна на општините за да се овозможи максимална искористеност на лап топ компјутерите набавени од страна на Министерството за информатичко општество со Владиниата програма „Компјутер за секое дете“, преку која што обезбедени се 53.000 Classmate PC, наменети за учениците од 1-3 одделение.
За реализација на оваа програма УСАИД ќе дистрибуира 21.000 уреди, т.н. Access Points или пристапни точки, коишто ќе овозможат безжичен интернет пристап до секоја училница за одделенска настава.
Меѓу другото, лицата присутни на оваа средба добија анкетен прашалник што треба да го дистрибуираат до секое училиште, а потоа пополнет да го вратат до УСАИД – ПЕП. Крајниот термин за монтирањето на пристапните точки во сите училишта каде ќе се утврди потреба е 30 Август, 2010 година.
No comment yet, add your voice below!