Skip to content

Крушево Етно град

ДАТУМ

јуни 23, 2010

Категории

Од 17.07.2010 год. па се до 10.08.2010год. ќе започне со реализација на манифестацијата “Крушево Етно град“.Повеќе од 5.000 граѓани годинава ќе учествуваат во манифестацијата “Крушево Етно град“ која има за цел да го врати градот во живот преку туристичка промоција.

Манифестација ќе биде отворена пред споменикот Илинден во Крушево.
“Граѓаните од Крушево се веќе наоружани со комитски,турски и чорбаџиски носии. Оваа година современите светлечки реклами на дуќаните се заменети со рачно испишани, нови имиња како во времето во 1903 година. Хотелите широко ги отваарат вратите за сите посетители кои доѓаат на Крушевчани да им ја честитаат новата борба во ова востание, од секоја страна се слуша ’Со среќа јунаци’ , ’Да живее туристичко Крушево’“
Лани, кога за прв пат беше организирана оваа манифестација, доби одлични реакции во јавноста, британската Би-Би-Си направи специјална репортажа од случувањата во Крушево, а подоцна манифестација освои многу европски награди за развој на туризмот. Годинава “Крушево Етно град“ се организира со поддршка од Унеско Бресце, преку италијанското министерство за надворешни работи, македонското Министерството за култура и Општина Крушево.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy