На 21. Јуни, 2010 година, во организација на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, во хотел Милениум се одржа работилница за подготовка на логичка рамка и Concept note согласно барањата на вториот повик за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија.
Целодневната работилница беше наменета за претставници на 9-те општини во рамките на Пелагонискиот плански регион со цел да се обноват знаењата од областа на проектниот менаџмент, а посебен акцент беше ставен на подготовката на логичка рамка и проектен концепт.
Работилницата ја водеше независниот консултант, г-дин Марио Вељковиќ кој низ примена на повеќе методи, преку презентација, интерактивна дискусија и вежби во мали групи со конкретна студија на случај, го пренесуваше своето богато искуство и експертиза од областа на менаџирањето со програми од заедниците.
Доцна попладне, Раководителот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, г-ѓа Емилиа Ѓероска и претставниците на општините одржаа координативна средба на којашто дискутираа за проектните идеи и концепти коишто општините и Центарот имаат намера да ги аплицираат на вториот повик за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија.
No comment yet, add your voice below!