Пиво фест е пивски фестивал што се одржува во летниот период во градот Прилеп во организација на општината Прилеп и стопанските субјекти.
Фестивалот е од отворен тип, се одржува во центарот на градот. Учество земаат познати производители на пиво и локални угостители.Посетители доаѓаат од сите краишта на Република Македонија и соседните земји. Фестивалот е познат по добрата забава, скара и ладното пиво и секако масовната посетеност.
Фестивалот има стекнато традиција, и на туристичката карта на Прилеп има едно од најважните места. На фестивалската забава во 2007 годинa учествувале над 350.000 посетители од Македонија и странство кои испиле околу 250 тони пиво и изеле околу 60 тони скара.
На двете бини во центарот на градот настапиле 30-ина музички имиња и од забавната и од народната естрада.
На 15-те штанда на шесте пиварници и десетте скараџии. Имало организирани посети од Грција и од Бугарија, а имало туристи и од Кина.Пиво Фест во Прилеп годинава ќе се одржува четири дена: од четврток 15 јули до недела 18 јули. Организаторите ќе понудат голема селекција на пиво, скара, музика на различни сцени и забава.
Официјална програма за пиво фест 2010
No comment yet, add your voice below!