На 10.06.2010 година во просториите во општина Битола се одржа средба на претставници од Министерството за транспорт и врски, секторот за станбено-комунални работи со Градоначалниците и директорите на јавните комунални претпријатија и претставници од 9-те општини во рамките на …
Пелагонискиот регион на којашто беа споделени информации за почетокот на спроведувањето на проектот „Водоснабдување и одведување на отпадни води“ финансиран од Европската инвестициона банка (ЕИБ). Во текот на оваа средба, општините беа запознати со текот на сите актвности поврзани со овој проект – со нацрт договорот за финансирање меѓу Македонија и ЕИБ, со урнекот и прашалникот, како и со апликацијата што треба да се пополни при аплицирање за користење средства од кредитот.
No comment yet, add your voice below!