Француската Алијанска од Битола во соработка со Центарот за културна деконтаминација Ви го претставува десетото јубилејно издание на „Солстис” Празник на музиката, во пресрет на летото.
Оваа франкофонска традиција во Битола се одржува веќе 10 години. Најубавата амбиентална улица во земјата Широк сокак , станува отворена сцена на која ќе настапат голем број изведувачи од земјата, како: The Hounds, Mezzo quartet, Kalevala, DJ Boca, Trio Mikar, Zoki, Dado, Live 5 band, 3 G band како и многу други изведувачи во текот на двете фестивалски вечери.
Манифестацијата е поддржана од Општина Битола и е вовед во најдолгото културно лето во Р.Македонија, „БИТ ФЕСТ’ 2010, кое започнува на 26 јуни во античкиот театар на Хераклеа , со концерт на Влатко Стефановски, Теодосиј Спасов , Гордана Јосифовска и Биг Бендот на маестро Кире Костов. БИТ ФЕСТ завршува на 27 август 2010.
No comment yet, add your voice below!