Skip to content

Емилиа Ѓероска – Раководител на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион и Нешад Аземовски – Координатор за меѓународна соработка од 31 мај до 3 јуни престојуваа во работна посета на европската престолнина Брисел

ДАТУМ

мај 31, 2010

Категории

Емилиа Ѓероска – Раководител на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион и Нешад Аземовски – Координатор за меѓународна соработка од 31 мај до 3 јуни престојуваа во работна посета на европската престолнина Брисел.

Дел од работната посета беше учество на конференцијата „ПРВ СОБИР НА РЕФОРМСКИТЕ ЛИДЕРИ НА РЕГИОНИТЕ ОД  ЗАПАДЕН БАЛКАН И ЕКСПЕРТИТЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТИ ОД ФОНДОВИТЕ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА“

на која присуствуваа видни личности од политичкиот живот на највисоко ниво на Европската Унија.

Претставниците на Пелагонискиот плански регион остварија средби со европарламентарците Јелко Кацин, Алојз Петрле и Тања Фајон кои ги потврдија залагањата за забрзување на процесот на зачленување на Македонија во ЕУ и придонесот што треба да го имаат институциите и организациите во Република Македонија.

Вториот работен дел на конференцијата обрна повеќе внимание на начинот и можностите за аплицирање во европските фондови како и приниципите кои се особено важни при евалуација на предлог проектите.

Во Брисел на 03.06.2010 година остварена е средба со лоби платформата Forum der regionen. Партнерството со оваа организација е во насока на поврзување на Пелагонискиот плански регион со некој од регионите во Белгија и реализација на заеднички проекти.

Средбата со Петер Сондергард, претставник на Асоцијацијата на локални демократии (АЛДА) во Брисел беше во согледување на можностите за зачленување на Пелагонискиот плански регион во оваа асоцијација и поврзување со страните вклучени во регионален развој.

Престојот во Брисел е искористен и за средба со Мара Силина, извршен директор на European Environmental Bureau.

Учеството на European Green Week меѓународната конференција беше можност за согледување на искуствата во насока на искористување на биолошката и културна разновидност во регионалниот развој на Европа.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy