Skip to content

Пелагонискиот плански регион на 8-ми Мај се претстави на Плоштадот „Македонија“ во Скопје во рамките на проектот „Промотивни денови на регионите“

ДАТУМ

мај 8, 2010

Категории

Пелагонискиот плански регион на 8-ми Мај се претстави на Плоштадот „Македонија“ во Скопје во рамките на проектот „Промотивни денови на регионите“ под мотото „Сакај ја Македонија – уживај во својата татковина“.

Беше презентирана дел од културата на секоја општина во рамките на нашиот регион (Битола, Прилеп, Крушево, Ресен, Демир Хисар …

, Новаци, Могила, Долнени, Кривогаштани),  можностите за инвестирање, природните богатства и туристичките атрактивности низ промотивни брошури, традиционална храна и производи. Исто така, граѓаните се запознаа со делокругот на работење на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

Атрактивниот сценски перформанс што беше спој меѓу традиционалната музика репрезентирана преку културно-уметничките друштва на повеќето општини и современиот панк на „Паркети“ од Битола и блуз на „Crossroad Blues Band“ од Прилеп, беше предизвик за голем број Скопјани да присуствуваат на овој настан.

Манифестацијата свечено беше отворена од страна на Претседателот на ЗЕЛС, г-дин Коце Трајаноски, а поздравни говори одржаа и Претседателот на Пелагонискиот плански регион, г-дин Владимир Талески, и Раководителот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, г-ѓа Емилиа Ѓероска.

Оваа манифестација е во организација на ЗЕЛС и вп текот на секоја наредна сабота до 26 Јуни ќе се претстават останатите 7 плански региони во Македонија.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy