Во Пелагонискиот плански регион се наоѓаат 17,7% од вкупно 650.000 хектари обработливо земјоделско земјиште во Република Македонија.
Земјоделството е еден од приоритетните сектори во Пелагонискиот регион. Тоа учествува со 4% од вкупното производство во регионот и 5% во вкупното вработување во регионот. Одличната земјоделска структура и климатски услови се главни фактори кои придонесуваат за успешниот развој на земјоделството во регионот. Во табела број 59 претставена е застапеноста на земјоделски површини по категории. Од Табелата бр. 59 може да се забележи дека најзастапени се обработливите површини (53%) и пасиштата (47%).
Категорија на земјоделска површина во Пелагониски плански регион изразена во хектари
Година |
2010 |
2011 |
2012 |
2013 |
1.Обработлива повр. |
/ |
112.078 |
111.987 |
115.191 |
1.1 Ораници и бавчи |
46.182 |
92.839 |
92.712 |
95.858 |
1.2 Овоштарници |
2.762 |
3.821 |
3.862 |
3.865 |
1.3 Лозја |
744 |
942 |
931 |
980 |
1.4 Ливади |
6.897 |
14.476 |
14.482 |
10.149 |
2.Пасишта |
159.454 |
150.416 |
150.404 |
|
Вкупна земјоделска површина |
56.585 |
383.610 |
374.390 |
376.447 |
Извор: Државен завод за статистика на Р. Македонија, „Регионите во Република Македонија, 2014“
Во Пелагонискиот регион се наоѓаат 14,54% од вкупниот број на земјоделски стопанства во Република Македонија (Табела бр. 60). При тоа, во овој регион се користи 97% од вкупното земјоделско земјиште, што е за 5% повеќе од искористеноста на национално ниво.
Во Пелагонискиот регион, земјоделството е економска активност на целото семејство. Најчесто како носител на индивидуално земјоделско стопанство се јавуваат мажи (90% од случаите, исто како и на национално ниво) со просечна старост од 57 години, додека пак на домаќинствата ангажирани на индивидуалните земјоделски стопанства се 64% жени со просечна возраст од 45 години и 36% мажи со просечна возраст од 33 години (табела бр. 61). Значајно е да се спомене дека 30% од членовите на домаќинствата ангажирани во индивидуалните земјоделски стопанства се помлади од 35 години, за разлика од 25% на национално ниво. Ова покажува тренд на вклучување на младите во земјоделски активности.
Одличната географска положба, расположливоста со квалитетна обработлива земја, одличните климатски услови и долгата земјоделска традиција се есенцијалните фактори кои придонесуваат за успешниот развој на земјоделството во Пелагонискиот регион. Едновремено, присутно е користење на застарена механизација и технологија кое отвара можности и потреби за дефинирање на програми за поддршка при модернизација на механизацијата и имплементирање на иновациите во производството проследено со производство на здрави производи.
Иницијалните трендови за вклучувањето на младата популација во земјоделието повлекуваат потреба за заживување на руралните средини и обезбедување на адекватен квалитет на живот во селата. Подобрување на целокупната комунална и патна инфраструктура во регионот истовремено влијаат на сите аспекти на животот. Промените во пазарите и побарувачката, како и јакнењето на свесноста за критичноста на вредносните синџири повлекуваат потреба за развој на нови земјоделски култури и можност за враќање на некои земјоделски култури кои се суровинска база.
Програми за поддршка на земјоделството и руралниот развој
Програма за финансиска поддршка на руралниот развој
Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој се спроведува преку доделување на неповратна финансиска поддршка за инвестиции, која се доделува во вид на финансисрање и кофинансирање на вредноста на преземени и реализирани инвестиции, исто така и за нематеријални вложувања, согласно прифатливите трошоци и висината на поддршка по корисник. Програмата се спроведува преку мерките за рурален развој:
- 111 Обука за информирање на земјоделските производители
- 112 Помош на млади земјоделци за започнување на земјодеслка дејност
- 114 Советодавни услуги во земјоделството
- 121 Инвестиции во модернизација на земјоделските стопанства
- 122 Инвестиции за зголемување на економската вредност на шумите
- 123 Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските производи
- 124 Инвестиции во инфраструктура за развој на земјоделството, шумарството и водостопанството
- 131 Економско здружување на земјоделските стопанства за заедничко вршење на земјоделска дејност
- 211 Помош за вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности за земјоделска дејност
- 213 Помош за зачувување на руралните предели и нивните традиционални карактеристики
- 214 Помош за зачувување на генетската разновидност на автохтони земјоделски растенија и автохтони раси на добиток
- 215 Органско производство
- 321 Подобрување на квалитетот на живот во руралните средини
- 322 Обнова и развој на селата
- 323 Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја
- 413 Реализација на стратегии за локален развој на руралните средини
- 431 Поттикнување на локален развој на руралните средини
Програма за финансиска поддршка во земјоделството
Средствата за финансиска поддршка во земјоделството се обезбедуваат од Буџетот на РМ. Програмата се спроведува преку мерките:
1.Мерки за поддршка на доходот на земјоделските стопанства
- Директни плаќања за растително производство
- Директни плаќања за сточарско производство
Директните плаќања се мерка за поддршка на доходот на земјоделските стопанства, а се исплаќаат по површина на земјоделско земјиште, единица земјоделски производ и грло добиток.
2.Мерки за дополнителна поддршка за развој на земјоделството (државна помош во земјоделството)
- Помош во премии и осигурување
- Помош за заштита на земјоделското земјиште
- Помош за одделни категории носители на земјоделското стопанство
- Помош во сточарскиот сектор
Компонентата за рурален развој (ИПАРД) е петтата компонента од ИПА. Таа придонесува за одржливо приспособување на земјоделскиот сектор и на руралните предели, како и за подготвувањето на земјите-кандидати за спроведување на законодавството на Европската унија во врска со Заедничката земјоделска политика (ЗЗП) и сродните политики. Компонентата за рурален развој ги поддржува земјите-кандидати во развивање на политики, како и во подготовки за спроведување и за управување со ЗЗП на Унијата.
ИПАРД програмата претставува збир на мерки за спроведување на политиката за рурален развој која се стреми кон зголемување на конкурентноста и модернизација на земјоделското производство, постигнување на квалитетна и безбедна храна, усогласување со стандардите на Европската Унија за квалитет, здравје, безбедност на храната, здравјето на животните и животната средина, оддржливо управување со природните ресурси и подобрување на условите за живот во руралните средини и руралната економија. Програмата ја зголемува можноста за пристапување до финансиски средства за инвестирање во модернизацијата на економски одржливите земјоделски стопанства и прехранбената индустрија со цел да постигне согласност со минималните стандарди на Европската Унија.
За користење на средствата од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД), согласно Спогодбатамеѓу Владата на РМ и комисијата на Европските Заедници за правилата за соработка во однос на финансиската помош од ЕК на РМ и спроведување на помошта според компонентата V (ИПАРД) од инструментот за претпристапна помош, во програмскиот период ИПАРД 2007-2013, предвидени беа следните мерки за финансиска поддршка:
Мерка 101 – Инвестиции во земјоделските стопанства за нивно преструктуирање и надградба до стандардите на Европската унија;
Цел на мерката: Подобрувањето на конкурентноста во земјоделскиот сектор преку зголемување на квалитетот на производството со користење на модерните средства за производство и технолошкиот напредок на производствените процеси во согласност со стандардите на заедницата поврзани со благосостојбата на животните, здравствената состојба на животните и растенијата и стандардите за животната околината
Приоритетни сектори:
- Лозарство, овоштарство, градинарство,
- Одгледување млечен добиток за примарно производство на млеко и
- Одгледување добиток и живина за ТОВ за производство на месо.
Мерка 103 – Инвестиции во преработката и пласман на земјоделските и земјоделско-прехранбените производи за нивно преструктуирање и надградба до стандардите на Европската унија;
Целта на оваа мерка е усовршување на производството на агро-храна од гледна точка на производството, преработката и маркетинг на производите со висок квалитет, усогласено со правилата за безбедност на храната, здравје и заштита на животната средина.
Приоритетни сектори:
- Производство на вино,
- Преработка на овошје и зеленчук,
- Преработка на млеко и млечни производи и
- Производи од месо.
Мерка 302: Диверзификација и развој на рурални економски активности
Целта на оваа мерка е создавањето на нови работни места и при одржувањето на веќе постојните преку развојот на активностите во микро бизнисот, а со тоа и подигнување на нивото на економската активност во руралните области и запирање на раселувањето на населението во руралните области
Приоритетни сектори:
- Поддршка на микро претпријатијата во руралните области,
- Промовирање на активности од рурален туризам.