Чистата животна средина и заштитата на природните ресурси се значаен предуслов за развој на Пелагонискиот плански регион.  Чистата животна средина влијае кон подобрување на квалитетот на животот и здравјето на луѓето, така што општините од овој регион своите активности треба да ги насочуваат кон заштита и унапредување на животната средина.

Разумното користење на ресурсите и одржување на националните богатства како, националните паркови Галичица и Пелистер, Меѓународниот парк – биосферен резерват Преспа, Преспанското Езеро, реките Црна и Драгор, убавите предели на Баба Планина, Илинска Планина, градот Крушево, островот Голем Град се главен сегмент за развој на здрава животна средина.

Пелагонискиот регион располага со три пречистителни станици во Ресен, Кривогаштани и Могила, а во тек е изградбата на пречистителна станица во Прилеп. Покриеноста на населението со пречистителни станици за отпадни води изнесува 5.4%, што е доста под националниот просек кој изнесува 12.5%.Покриеноста на населението со канализациона мрежа во урбаните средини се движи од 75% до 100% во градот Крушево, додека во руралните средини се движи од 0% до 80% 17, каде во најголем број случаи како решение за отпадните води се користат септичките јами. Проблемот со отпадните води освен загадувањето на почвите влијае и на загадувањето на подземните води, тоа пак придонесува до контаминирање на приносите од земјоделското производство бидејќи отпадните води од септичките јами се одложуваат во суводолици и потоци.

Податокот е извлечен од “ Извештај за завршна оценка на имплементацијата на Програмата за развој на Пелагониски плански регион 2009- 2013 година“ изработен од проектот ГИЗ- Регионален економски развој како дел од институционалната поддршка Министерството за локална самоуправа

Биодиверзитетот во Пелагонискиот регион

Пелагонискиот Регион благодарение на НВО, донатори, општините и развојните фондови води грижа за заштита на националните богатства кои се наоѓаат во вој регион.  Регионот има 4 заштитени подрачја и тоа: Националниот парк „Пелистер“, Националниот парк „Галичица“, „Езерани“ (Парк на природата) и „Охрид- Преспа“ биосферен резерват. Овој резерват е 14- тиот по ред светски преку-граничен биосферен резерват заштитен од УНЕСКО.

Преку граничниот биосферен резерват „Охрид – Преспа“ ги опфаќа сливните подрачја на Охридското и Преспанско Езеро, со површина од 446.244 хектари на албанска и македонска страна од сливното подрачје на овие две езера. На територијата на резерватот се евидентирани над 450 илјади жители, во 26 единици на локална самоуправа на албанска, како и шест на македонска страна.

Подрачја со културно наследство заштитени со закон се село Смилево (како историска целина) и село Коњско, Ресен (како урбанистичка целина) . Покрај нив постојат и подрачја со специфични развојни потреби утврдени со закон како природниот резерват „Езерани“ (Ресен), Споменик на природата „Маркови Кули“ (Прилеп) и градот Крушево кој целосно е заштитен со Законот за град Крушево. Согласно дефинираната Емералд мрежа на подрачја со посебен интерес за зачувување, од идентификуваните 35 локалитети во Пелагонискиот регион спаѓаат:  Езерани, Преспа, Пелистер, Пелагонија, Маркови Кули.

Во Пелагонискиот регион се наоѓаат два национални парка, националниот парк „Пелистер“ и националниот парк  „Галичица“.Присуството на голем број реликтни и ендемични видови на флора и фауна се меѓу највпечатливи одлики на Националниот парк Пелистер.. Ендемичните видови главно се регистрирани кај без’рбетниците. Бројноста на дивечот во националниот парк „Пелистер“  е застапен со 44 вида од кои 14 видови се трајно заштитени. Во националниот парк „Галичица“ се наоѓаат 61 видови  дивеч кои  се трајно заштитени.

 

Застапеност на животни по видови во Пелагонискиот плански регион во периодот 2010- 2013 година

 

Година

Вид на животно

2010

2011

2012

2013

Елен обичен

12

8

/

/

Елен лопатар

/

/

/

30

Срна

288

295

585

509

Дива Коза

45

30

69

43

Мечка

26

30

47

/

Рис

/

/

1

/

Дива свиња

376

619

309

335

Зајак

619

366

2.457

380

Полска еребица

940

320

3.573

470

Еребица камењарка

387

318

898

441

Лештарка

/

/

83

10

Фазан

1.100

294

23

11

Волк

27

16

97

/

Јазовец

15

40

20

/

Лисица

115

28

373

/

Куна

127

/

108

/

Видра

/

/

/

/

Ласица

/

/

/

/

Сокол и јастреб

40

40

40

/

Свраки врани и сојки

60

60

60

/

Инстируции и организации

Национален парк  “Пелистер”

Во југозападниот дел  од Република Македонија помеѓу Преспанската котлина на запад и Пелагониската котлина на исток се наоѓа планината Баба со врвот Пелистер (2601м надморска висина).Заради природните убавини што ги сочинуваат шумите на борот – Молика, како реликт на терциерната флора, гранитните маси од кои е изграден Пелистер и неговиот морфолошки релјеф, а посебно глацијалниот релјеф во алпскиот дел од планината, во 1948 год. со посебен Закон Пелистер е прогласен за прв Национален парк во Република Македонија и поранешна Југославија, што има големо значење  во културната историја на Македонскиот народ. Националниот парк Пелистер е оддалечен 15 км. од Битола, 65 км, неговата површина изнесува – 12.500 ха со надморска височина од 700 до 2.600 м.

Web: www.park-pelister.com

 

Национален парк  “Галичица”

Националниот парк Галичица беше прогласен за национален парк во 1958 година, со цел заштита на неговата природна убавина и разноврсните флора и фауна. Паркот е сместен на планинскиот масив помеѓу Големото Преспанско Езеро, на исток, и Охридското Езеро, на запад, и опфаќа 22 750 хектари од планината Галичица, со големо богатство од реликтни и ендемични видови флора, класично наоѓалиште на 20 видови виши растенија, од кои 12 се локални ендеми, а се застапени 26 ендемични фаунистички видови. Македонскиот Национален парк Галичица и албанскиот Национален парк Преспа се поделени со меѓународната граница меѓу Македонија и Албанија.