На 2 октомври 2026 година, во Хотел „Милениум“ во Битола, Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион ја организираше Првата регионална работилница за изработка на Програмата за развој на Пелагонискиот плански регион за периодот 2027–2031 година. Работилницата беше посветена на заедничко креирање на приоритетите и развојните насоки за идниот период, преку отворен дијалог и активно учество на различни чинители од регионот. На овој настан учествуваа претставници на општините, бизнис-заедницата, стопанските и занаетчиските комори, граѓанскиот сектор, локалните иницијативи, научно-образовните институции, како и други заинтересирани граѓани.
Во рамки на истата беа разгледани и дискутирани клучните развојни области од значење за идниот развој на Пелагонискиот плански регион како што се: Инфраструктура, Туризам и култура; Земјоделство и рурален развој; Животна средина; Бизнис и конкурентност итн. Посебен акцент беше ставен на идентификување на потребите, предизвиците, потенцијалите и конкретните идеи и предлози кои можат да придонесат кон создавање подобри услови за живот, работа и развој во целиот регион.
Процесот на изработка на Програмата е поддржан од страна на Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија.

No comment yet, add your voice below!