На 26.09.2026 година во Крушево членовите на Советот ја одржаа 3-та седница на која согласно дневниот ред беа дискутирани насоките и приоритетите за развојот на регионот во наредниот период. Директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион ги информираше присутните за тековните активности и проекти како и за започнатите процеси за Евалуација на постоечката Програма за развој на Пелагонискиот плански регион 2021-2026 година и за изработката на новата Програма за развој на Пелагонискиот плански регион 2027-2031 година. На седницата презентиран беше и Патоказот за спроведување на зелената агенда за Пелагонискиот плански регион 2025-2030 изработен од страна на Центарот за климатски промени.

No comment yet, add your voice below!